Веќе имавме прилика да видиме CAD рендери за Galaxy S21 и S21 Ultra, а сега линијата на смартфони е заокружена со скици од Galaxy S21+ моделот. Она што го покажуваат рендерите е дека стандардните и плус моделите ќе го делат истиот систем на камери, а само Ultra верзијата ќе добие поинаков модул.
Новото испакнување за камерата е дел од металната рамка што го опкружува телефонот. Покрај тоа, рендерите покажуваат дека предната страна на телефонот има рамен екран, како кај основниот S21 модел. Рамките околу дисплејот би требало да бидат со иста големина од сите страни.
Galaxy S21+ ќе има 6,7-инчен дисплеј, иако рамниот панел го прави смартфонот поширок. Ќе има димензии од 161,5 x 75,6 x 7,85 мм наспроти 161,9 x 73,7 x 7,8 мм кај годинашниот модел.
Samsung пронајде начин да го зголеми капацитетот на батеријата, па S21+ би требало да има 4800mAh батерија, но ќе користи исто полнење од 25W како и актуелниот модел. Дизајнот на селфи камерата ќе остане неизменет, со еден центриран punch-hole отвор.
Samsung би можел да ја претстави Galaxy S21 серијата еден месец порано од вообичаеното – во јануари, наместо во февруари, што значи дека теелфоните би можеле порано да се појават и во продажба.