Минатата година, Motorola наводно почна да работи на наследник на флексибилниот телефон Razr, за кој се предвидуваше да биде објавен во текот на 2021 година. Сепак, сега новите извори сугерираат дека новиот Moto Razr можеби нема да се појави подоцна оваа година, но ќе биде објавен во 2022 година.

Аналитичарот Рос Јанг сугерира дека фановите ќе мора да почекаат до следната година за да купат новиот флексибилен телефон на Motorola Razr. За жал, не се познати причините поради кои Motorola одлучи да ја одложи објавата на уредот за следната година (ако се испостави дека се точни гласините). Една од причините може да биде проблемот со залихите на чипови и материјалите за изработка.

Актуелниот Moto Razr доби пофалби кога беше објавен во 2019 година, но и многу критики. Ажурираната 5G верзија на уредот пристигна минатата година, со сензорот за отпечатоци преместен на задната страна. Овој модел изгледаше повеќе премиум и има подобар механизам на шарка, како и подобри спецификации за камерата и нешто поголема батерија.

Не е познато какви подобрувања ќе имплементира следниот Moto Razr, но се очекува подобар дисплеј, елементи на камерата на задната и предната страна, чипсет кој троши помалку и можеби поддршка за 5G уште од самиот старт.