Словенија почна да користи третман со моноклонални антитела кај некои пациенти со Ковид-19.

Земјата доби 1.000 дози експериментален лек развиен од американската биотехнолошка компанија „Регенерон“, како дел од договорот со Европската Унија.

Лекот има дозвола од Агенцијата за лекови во Словенија и им се дава на пациенти со тешки симптоми во раните фази.

На почетокот од јули Словенија изрази интерес за набавка на 1.000 дози од лекот со моноклонални антитела „сотромиваб“, произведени од британската фармацевтска компанија ГСК.

Минатата недела директорот на тамошниот Институт за јавно здравје излезе со песимистички прогнози дека Словенија оваа зима ќе се соочи со катастрофална здравствена состојба доколку стапката на вакцинација не се зголеми.

Досега 40,7 проценти од вкупното население е целосно вакцинирано.

Извор: B92.net