Sony во февруари следната година на пазарот ќе ги пушти своите слушалки PlayStation VR2, а сега се знае дека ќе бидат поскапи од самата PlayStation 5 конзола.
PSVR2 ќе бидат пуштени во продажба на 22 февруари 2023 година за 549,99 долари во САД, 599,99 евра во Европа и 529,99 фунти во Британија. Според овие цени, јасно е дека слушалките ќе ја надминат цената на конзолата PS5, за која на пример во Европа потребно е да се издвојат 549,99 евра.
Дел од хедсетот ќе бидат и Sense контролерите и стерео слушалките, но станицата за полнење на контролорот ќе треба да се купи посебно по цена од 49,99 долари, 49,99 евра или 39,99 фунти.
Пред-нарачките се отвораат на 15-ти ноември и се ограничени на PlayStation онлајн продавницата на Sony на многу пазари, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција и Германија. Игрите како Horizon Call of the Mountain, исто така, ќе бидат достапни за нарачка однапред подоцна овој месец.
Слушалките PSVR2 носат голем напредок во однос на претходникот, имаат OLED екран, видно поле од 110 степени и поддршка за 4K HDR. Исто така, поддржува брзина на освежување до 120 Hz, а опремен е со четири камери вградени пред екранот, така што поврзувањето дополнителни камери нема да биде неопходно за следење на движењата на корисникот.
Оние кои веќе имале можност да го пробаат PSVR2 тврдат дека е импресивен, но дали тоа ја оправдува цената, која е повисока од цената на самата конзола, проценете сами.
Новите контролери PSVR2 Sense во форма на топка имаат адаптивни активирања и хаптички повратни информации, исто како контролорите DualSense, но исто така можат да детектираат допири со прсти.
Just revealed: 11 immersive PlayStation VR2 titles arriving in 2023, including The Dark Pictures: Switchback VR from Supermassive Games.
More at PS Blog: https://t.co/NAahfCCIg7 pic.twitter.com/IEtUunqf2X
— PlayStation (@PlayStation) November 2, 2022
„PSVR2 е дизајниран со фокус на удобноста, дизајнот е потенок и полесен во споредба со претходните слушалки. Има и интегриран отвор за дополнителен проток на воздух и контроли за прилагодување на леќите“, рече Изабел Томатис, потпретседател на брендот, хардвер и периферни уреди во компанијата Sony Interactive Entertainment.
Иако слушалките се голем чекор напред во споредба со претходниот, гејмерите сепак нема да можат да играат оригинални PSVR игри.
„PSVR игрите не се компатибилни со слушалките PSVR2 бидејќи тие се дизајнирани да пружат вистинско искуство со VR од следната генерација“, објасни Хидеаки Нишино, потпретседател за искуства со платформи во Sony.
Моментално се достапни околу 500 PSVR игри, а Sony објави само мал број вклучувајќи ги и 11-те објавени неодамна. Horizon Call of the Mountain, оригинален наслов во истиот универзум како Zero Dawn и Forbidden West, ќе биде достапен од самиот почеток, додека на пазарот доаѓаат и VR верзиите на Resident Evil 8, Resident Evil 4 и No Man’s Sky. Во подготовка се и VR верзии на Star Wars и The Walking Dead.
11-те објавени игри се:
The Dark Pictures: – Switchback VR
Cities VR – Enhanced Edition
Crossfire: Sierra Squad
The Light Brigade
Cosmonious High
Hello Neighbor: Search and Rescue
Jurassic World Aftermath Collection
Pistol Whip VR
Zenith: The Last City
After the Fall
Tentacular