Група истражувачи од Институтот за астрономија „Макс Планк“ успеаја да ја направат првата оптичка слика на егзопланета која е оддалечена 63 светлосни години од Земјата.

Снимката на планетата лоцирана надвор од Сончевиот Систем е направена со употреба на најнапредниот оптички телескоп во светот во чилеанската пустина Атакама. Снимката е направена со методот на радијална брзина.

Егзопланетата наречена Beta Pictoris c е втора планета откриена во тој систем.

„Ова е прва директна потврда за планетата откриена со методот на радијална брзина“, рече Силвестре Лакур, раководител на програмата за набљудување ExoGRAVITY.

Френк Ајзенхауер, лидер на проектот во институтот „Макс Планк“, изјави дека тие само што почнуваат да истражуваат зачудувачки нови светови, од супермасивни црни дупки во центарот на нашата галаксија до планети надвор од Сончевиот Систем.

Системот на кој припаѓа Beta Pictoris c се наоѓа на околу 63,4 светлосни години од Сончевиот Систем. До денес се откриени само две планети кои кружат околу младиот систем – првата откриена и фотографирана во 2008 година беше наречена Beta Pictoris b. Втората, Beta Pictoris c, беше откриена во втората половина на 2019 година, а сега е направена единствената снимка од неа.