Станува збор за остатоци стари 57.000 години, а научниците тврдат дека се работи за најстариот и најкомплетно сочуван волк.

Совршено сочувани остатоци од младенче на праисториски волк се пронајдени во Јукон, Канада. Станува збор за остатоци стари 57.000 години, а научниците тврдат дека се работи за најстариот и најкомплетно сочуван волк.

„Мумијата е целосно комплетна, ја има целата кожа, скоро целото крзно и меките ткива“, изјави професорката Џули Мичен од Универзитетот Дес Моинес во Ајова.

Женското младенче од волк, наречено Zhur, е најстариот и најкомплетен примерок некогаш пронајден, а на научниците ќе им овозможи увид во животот на овие животни. Со користењето на икс-зраци, експертите открија дека во моментот кога загинало, младенчето имало само 6 или 8 недели.

Со анализа на изотопите откриено е дека младенчето живеело во време кога глечерите се повлекле. Младенчето и мајката се хранеле со лосос и птици.

Неколку добро сочувани волци досега беа пронајдени во Сибир, но многу ретко во Северна Америка.

Извор: Klix.ba