Сондата Juno, која во вселената ја лансира вселенската агенција NASA, понуди подобар, подлабок поглед во атмосферата на Јупитер.

Научниците благодарение на сондата Juno, креираа прва 3Д фотографија на атмосферските слоеви на Јупитер и ги илустрира неговите турбулентни облаци и бури со повеќе детали од кога и да е.

Сега е појасно како се однесуваат циклоните и антициклоните, кои се многу повисоки отколку што се очекуваше. Големата црвена флека (антициклон) подлабока е од 320 км. На врвот се потопли или постудено зависно од нивното вртење.

Сондата Juno помогна да се поплнат податоците со користење микробранов радиометар кој овозможи поглед под површината на облаците. За Големата црвена флека, тим научници ги дополни податоците на радиометарот со гравитациски потписи од два блиски премини. Податоците радиометри покажаа циркулациски келии слични на они на Земјата на северната и јужната хемисфера.

Но, некои мистерии уште постојат, а меѓу нив е атмосферската маса на Големата црвена дамка. 3Д фотографиите веќе ствараат кохезивна слика за тоа како се однесуваат јовијанските планети како Јупитер, а може нема да помине многу време да се решат уште многу мистерии за Јупитер.

Извор: Klix.ba