Феноменот во кој се спојуваат ерупција од вулкан и гром е забележан кај бројни ерупции ширум светот, а вчера тоа се случило со еден активен вулкан во Јапонија.
Вулканот Сакурајима во Јапонија веќе со денови исфрла пепел во висина од километар и пол, а вчера фотографите снимиле феномен во кој од облаците пепел се јавувале и грмотевици.
Станува збор за феномен кој е забележан во бројни ерупции ширум светот, а ист случај со овој вулкан имало и пред две години.
Едно од објаснувањата за грмењето е високата брзина на честичките прашина при ерупциите. При толку голема брзина доаѓа до силно триење на честичките и воздухот, поради што силно се наелектризираат. Потешките честички летаат пократко и се задржуваат на пониски висини.
Полесните честички имаат помоќен позитивен полнеж, што значи дека на тој начин доаѓа до разлики во потенцијалот. А таму каде што постојат разлики во потенцијалот и некаков контакт, избива и искра, пишува “Express” во едно истражување од 2016. година
Извор: 24sata.hr