Делта сојот не предизвикува тешки случаи на Ковид-19 кај децата и тинејџерите во однос на другите варијанти на вирусот, покажаа податоците од студијата која во петокот ја објавија американските здравствени власти.
Загриженоста поради делта варијантата расте бидејќи неколку недели во САД има зголемен број на хоспитализирани деца.
Центарот за превенција и контрола на болести ги проучуваше податоците на пациентите хоспитализирани поради Ковид-19 во 14 сојузни држави.
Агенцијата ги спореди податоците од почетокот на март до половината на август кога делта варијантата стана доминантна во САД, при што е докажано дека делта сојот не предизвикува тешка клиничка слика кај децата и тинејџерите, иако имало поголем број на хоспитализирани.
Студијата покажува дека вакцините ги штитат тинејџерите против делта сојот. Во САД децата над 12 години се вакцинираат со Pfizer.