Изложеноста на загаден воздух го зголемува ризикот од неплодност, покажа истражувањето со кое се настојуваше да се утврди опасноста по целата популација.
Студијата во која беа опфатени 18 илјади двојки во Кина утврди дека оние коишто живеат во загадени подрачја се изложени на ризик од неплодност поголем од 20 отсто, односно дека нема да забременат ниту ако се обидуваат една година.
Научниците не утврдија како загаденоста штети на фертилитетот, но потсетија дека честичките на загадениот воздух предизвикуваат воспаленија во телото што може негативно да влијае на јајниците и продукција на спермата.
Неодамнешното истражување со кое беа опфатени 600 жени од една американска клиника за неплодност покажа дека постои поврзаност меѓу загадениот воздух и созревање на клетките во јајниците.
Adding more evidence every day! Air pollution significantly raises risk of infertility, study finds https://t.co/PvQK00G4PP
— Dr Maria Neira (@DrMariaNeira) February 17, 2021
Со овој проблем се соочуваат милиони парови во светот, но досега се спроведени малку истражувања за тоа како влијае загадениот воздух. Овој проблем го зголемува ризикот за предвремено родени деца и мала тежина на бебето по раѓањето.
Ќи Ли од Центарот за репродуктивна медицина на Универзитетот во Пекинг која го предводеше истражувањето истакна дека идните родители треба да бидат загрижени поради загадениот воздух. Напомена дека и претходни истражувања покажаа поврзаност меѓу загадувањето и проблемите во бременост.
Извор: Nova.rs