Тим Бернерс-Ли, експерт за компјутерски науки и пронаоѓач на системот за навигација преку Интернет, познат како World Wide Web, сака повторно да го дизајнира сајбер-просторот.

Со лансирање на стартап компанијата Inrupt, Бернерс-Ли сака да поправи некои од проблемите што ја снајдоа т.н. отворена мрежа во време на огромните, централизирани платформи како Facebook и Google.

Неговиот стартап развива децентрализирана платформа Solid со отворен код, а нејзината мисија е да ја врати контролата врз мрежата во рацете на нејзините корисници.

Луѓето ќе можат да се најавуваат само еднаш за каква било услуга, а личните податоци ќе бидат зачувани во „капсули“, т.е. магацини за лични интернет-податоци.

„На луѓето им е преку глава од недостаток на контрола“, рече Бернерс-Ли, еден од основачите на Inrupt, одговорен за проблемот со технологијата.

Според него, новата веб-страница ќе овозможи споделување на содржини директно помеѓу луѓето и соработка што им овозможува на големите социјални мрежи да успеат и во исто време да се здобијат со огромна контрола врз нивните корисници.

Новата платформа, според нејзиниот основач, има потенцијал да донесе нова револуција во областа на програмирањето, а програмерите, хакерите, активистите и корисниците треба да се чувствуваат безбедно во опкружувањето на Solid и да започнат да создаваат содржина на децентрализиран начин, каде интернет гигантите како Facebook или Google нема да ги имаат „под контрола“.

Џон Брус, еден од директорите на Inrupt, рече дека пилот-компанијата за клиенти ги добила Британскиот институт за јавно здравје (NHS), BBC и владата на Фландрија во Белгија. Инвеститори во компанијата се Hearst Ventures, Octopus Ventures и Akamai.

Извор: B92.net