Твитер сè уште нема копче за уредување твитови (кое е најавено), но наскоро ќе добие една нова корисна функција.

Социјалната мрежа почнува да ја имплементира функцијата „Unmention“ која овозможува отстранување на корисникот од одредени разговори. Експерименталната функција моментално е достапна само за веб-корисниците.

Корисникот треба само да избере „leave this conversation“ во опциите за твит, за да избегне постојани известувања за разговори на кои никогаш не ни сакал да се приклучи.

Засега не е познато кога функцијата „Unmention“ ќе стане пораспространета, ниту кога ќе биде достапна за мобилни апликации. Во сегашната форма, текстот за споменување останува – единствено е што известувањата веќе не се испраќаат.

Новата опција на корисниците ќе им овозможи поголема контрола врз учеството во разговорите, како и фокусирање на разговорите што ги интересираат.