Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернет како одговор на сè поголемата потреба од онлајн работа, забава и комуникација
„Следејќи ги трендовите, навиките и потребите на корисниците во новото дигитално време, воведуваме тарифи со неограничен интернет. Наша стратешка определба е да ги поврземе корисниците секогаш и секаде и да им овозможиме непречена комуникација. Токму затоа, за прв пат на пазарот, ги претставуваме овие тарифи со неограничен интернет, кој може да се користи засекогаш “. – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.
Во Македонија, повеќе од 100 000 семејства користат Magenta 1, најдобриот пакет на интегрирани услуги, којшто постојано се надоградува и се прилагодува според очекувањата и потребите на корисниците. Со новата Magenta 1 Unlimited, оваа понуда добива дополнителна вредност и се очекува да биде најкористениот пакет на пазарот.
Нова и збогатена понуда со неограничен интернет добиваат и деловните корисници во Magenta 1 Business L.
Новогодишна промоција – неограничен мобилен интернет
Овие празници, најголем подарок е што сме повторно заедно. А за поголемо уживање и споделување на празничните моменти со најблиските, сите нови и постојни корисници на Magenta 1 M и Mobile M ќе можат да активираат неограничeн мобилен интернет за само 1 денар преку апликацијата TelekomMK и да го користат до 31 јануари 2022.
Дополнително, корисниците на новите тарифи Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited можат да искористат и празничен бонус од 22 000 денари за нов смартфон или телевизор по одлична цена со Договор за Фамилијарен буџет.
Со празничната понуда, деловните корисници во Magenta 1 Business добиваат: неограничен интернет, цени намалени за 20% и атрактивен зголемен буџет.
Повеќе информации на www.telekom.mk