Се појави најновото тизер видео за Samsung Galaxy S21 серијата, пред Galaxy Unpacked 2021 настанот што ќе се одржи на 14 јануари. Видеото ни нуди увид во поддршката за S-Pen, која би можела да пристигне за моделот Galaxy S21 Ultra.
Покрај тоа, засебните рендери на куќиштето на Galaxy S21 Ultra покажуваат дека постои доделен простор за вметнување на S-Pen пенкалото. Претходните извештаи сугерираат дека паметното пенкало може да биде понудено посебно за купување.
Покрај тоа, тизер видеото укажува и на вертикално поставениот систем на камери на задниот дел на новите премиум телефони. Видлива е можноста задниот дел од телефонот да биде креиран од стакло, а на крајот од видеото ја имаме споменатата сугестија за S-Pen поддршка.
„Сега повеќе од кога било, потребни ни се паметни телефони кои можат да ни помогнат да се изразиме со запрепастувачки фотографии, да обезбедиме неверојатни искуства на гледање и едноставно се што правиме да биде епски “, истакна јужнокорејската компанија пред објавата на новата серија телефони.