Од Долина на смртта до Блискиот Исток, од индискиот потконтинент до субсахарска Африка, глобалното затоплување веќе го прави животот неподнослив за милиони луѓе. Ако не се преземе нешто за климатските промени, рекордните температури и смртоносните топлотни бранови само ќе се влошат, предупредуваат научниците.

Официјално, најтопло место во светот е Долина на смртта во Калифорнија, но и таму температурите продолжуваат да растат.

Таму втора година по ред ова лето се измерени дури 54,4 степени Целзиусови. Ако овој податок биде потврден од Светската метеоролошка организација, тоа ќе биде највисоката забележана температура откако постои мерењето.

Според американската климатска агенција НОАА, јули во 2021 година е најтоплиот месец забележан на Земјата.

„Многумина се погодени од оваа неподнослива топлина, најмногу сиромашните“, изјави за АФП Кулдеп Каур, жител на Шри Ганганагара на границата меѓу Индија и Пакистан.

Во западна канада, ова лето температурите беа над 40 степени. Повисоките температури се сила на почести и поинтензивни суши, шумски пожари, бури, па дури и поплави. Се почестите топлотни бранови се погубни за земјоделството и сточарството, и потенцијално фатални за луѓето.

Ако светот се загрее за уште само два степени, четвртина од светската популација ќе се соочи со катастрофални топлотни бранови најмалку еднаш во пет години, стои во извештајот на ОН.

На Бедуините во Саудиска Арабија жештините веќе им се позната работа.

„Сега е 9 часот наутро, а мислам дека има најмалку 43 степени“, вели Најеф ал Шамари и додава дека температурата во текот на денот достигнува и 50 степени.

Вели дека се навикнати, па не се загрижени. Не знаат дека растот на температурата би можел да се закани по нивните приходи.

„Температурите над 50 степени им сметаат на рибите, животните, луѓето и туризмот“, вели рибарот Разак Џабар кој веќе размислува да замине од местото во кое пораснал, областа околу мочуриштата во појасот на реката Еуфрат.