НАСА соопшти дека оваа недела покрај Земјата ќе минат три астероиди, а исто така откри и нови детали за астероидот Бену.

Три астероиди со пречник поголем од 30 метри се движат кон Земјата и оваа недела ќе минат покрај нашата планета.

Астероидот 2020 UN3 ќе мине покрај Земјата на 10 ноември, на безбедна оддалеченост од 4,4 милиони километри. Кратко време потоа ќе мине астероидот 2020 UL 3, на оддалеченост од 5,8 милиони километри.

Астероидот 2020 VC, со пречник од 34 метри, се очекува да мине на 12 ноември, на оддалеченост од 5.2 милиони километри.

Исто така, податоците од Osiris-Rex, леталото кое неодамна собра примероци од астероидот Бену, покажуваат дека тој може да се распадне по долг временски период.

B92.net