Nikkei Asia ги откри цените на компонентите за најновите модели на iPhone, а на листата се гледа дека нивната цена скокнала за 20% и е рекордна.
Така, истражувањето покажува дека производството на моделот iPhone 14 Pro Max чини 501 долар, што претставува големо зголемување во однос на 461 долар колку што чинеше производството на неговиот претходник.
Најголема причина за ова зголемување на производната цена е чипсетот A16 Bionic, бидејќи само тој чини 110 долари. A16 Bionic чини 2,4 пати повеќе од чипот A15, кој се наоѓа во моделите iPhone 14 и iPhone 14 Plus.
Друга причина за поскапувањето е новиот Sony CMOS сензор, кој е до 30% поголем, но и 50 отсто поскап и сега чини 15 долари.
Компонентите за серијата iPhone 14, од компании со седиште во САД, сочинуваат речиси една третина од сите делови и се за околу 10 проценти поскапи отколку во 2021 година. Apple е во предност бидејќи во голема мера развива сопствени производи, како што се чиповите.
Јужна Кореја е, по САД, вториот најголем снабдувач на компоненти за мобилни телефони, додека уделот на Кина во ова поле дополнително се намали бидејќи Apple се обидува да ја ограничи својата зависност од азискиот пазар.