Проектот на саудиските истражувачи апсорбира водена пареа од околниот воздух и ја претвора во вода што им овозможува на растенијата да растат во пустината

Користејќи единствен хидрогел, саудиските истражувачи осмислија соларен систем кој успешно одгледува спанаќ, употребувајќи вода испумпана од воздухот додека произведува електрична енергија. Концептот, опишан во списанието Cell Reports Physical Science, нуди одржлив и ефтин начин за производство на храна и вода за луѓето кои живеат во региони со сува клима.

Системот наречен WEC2P се состои од соларна фотоволтаична плоча на слој од хидрогел и стои на голема метална кутија за кондензирање и собирање вода. Специјално развиен хидрогел ефикасно ја апсорбира водената пареа од околниот воздух и ја претвора во вода.

Уредот беше тестиран за одгледување растенија во јуни минатата година. Водата собрана исклучиво од воздухот, се користела за наводнување на 60 семки спанаќ засадени во пластична кутија за одгледување растенија.

За време на експериментот, соларниот панел произведе вкупно 1.519 ват-часови електрична енергија, а 57 од 60 семки спанаќ никнаа и пораснаа до висина од 18 сантиметри. Вкупно, приближно два литри вода беа кондензирани од хидрогелот во текот на две недели.

Истражувачите сакаат да создадат интегриран систем за производство на чиста енергија, вода и храна, а за да оживее нивниот концепт, би требало да поработат на хидрогел кој би апсорбирал исто толку вода од воздухот.