Стив Рајс со години го следи лансирањето на ракетите и ги фотографира леталата над Земјата, а на почетокот на овој месец ја искористил можноста за да ја направи фотографијата на својот живот.
Една од животните желби на 33-годишниот Стив Рајс била фотографирање и снимање видеа како ракетите летаат, а во позадина се гледа Месечината.
Мисијата на NASA за праќањето на ракета во вселената била планирана за 1 октомври, па Рајс го искористил тоа за да ја направи фотографијата на својот живот. Со оглед на тоа што тој добро го проучил целото подрачје, временската прогноза, местото на лансирањето и позицијата на Месечината, го пресметал точното место на кое што мора да биде за да направи совршена фотографија.
Но, на една работа не мислел – одложувањето на лансирањето на ракетата. Со празни раце, односно само со фотоапаратот и камерата се вратил дома и размислувал дали некогаш ќе биде најавено ново лансирање.
За среќа во текот на утрешниот ден тој повторно седнал во својот автомобил и зазел позиција на околу 5 километри од лансирањето – го поставил својот фотоапарат и камерата.
Фотографијата која што ја објавил на социјалната мрежа Инстаграм и видеото на Јутјуб, навистина ја покажуваат фасцинантноста која што успеал да ја „улови“.
Тој добил многубојни пофалби, а меѓу коментарите се појавиле и коментари од луѓе кои што професионално се занимаваат со фотографија, па навистина го пофалиле.