Официјално е објавено дека добиваме филм за Zelda, но тоа би можело да има неочекувани последици за главниот лик.

Додека фановите од една страна чекаат да видат како ќе изгледа филмот, од друга се загрижени дека Линк на големото платно би можел засекогаш да ја промени франшизата.

Еден од важните делови на личноста на Линк е тоа што тој речиси и да нема дијалог во видео игрите. Тој е вистински пример за „тивок“ протагонист, па филм базиран на него како главен лик би можел да наиде на потешкотии во обидот верно да го „оживее“.

Ова е едно од најважните прашања што го поставуваат фановите и може да биде клучно во одредувањето како ќе се одвива заплетот, велат од GameRant.

Од една страна, дејството би било многу пофлуидно со главниот лик подготвен да се вклучи во дијалози, но од друга, слушањето на Линк како зборува може да ги подели оние кои се навикнати да биде „тивок војник“.

Nintendo и Sony изјавија дека ќе се обидат да го направат филмот што е можно поблиску до видео играта, па останува да видиме како ќе го изведат сето тоа.