Huawei официјално го претстави својот телефон Mate X2 со флексибилен екран. Уредот го краси нов дизајн, кој се разликува од оној што го имаше неговиот претходник. Mate X2 се свиткува навнатре, за разлика од моделите Mate X и Mate Xs, чиј екран се отвораше нанадвор.
Huawei Mate X2 има 8-инчен OLED флексибилен внатрешен екран, со резолуција 2480 x 2200p, стапка на освежување од 90Hz и 413ppi. Надворешниот дисплеј од 6,45-инчи има брзина на освежување од 90Hz, резолуција 2700 x 1160p и 456ppi.
Уредот го покренува Kirin 9000 чипсет на Huawei, поврзан со 24-јадрениот графички процесор Mali-G78. За софтверот е задолжен EMUI 11.0, базиран на Android 10. Присутни се има и 8GB RAM меморија, како и 256 GB / 512 GB простор за складирање.
Кога станува збор за оптиката, Mate X2 има систем со четири камери на задната страна. Поседува 50MP Ultra Vision главна камера (широкоаголна, f/1,9 отвор на бленда, OIS), 16MP Cine камера (ултра широкоаголна, бленда f/2,2), 12MP телефото (3х оптички зум, отвор на бленда f/2,4, OIS) и 8MP SuperZoom камера (10x оптички зум, отвор на бленда f/ 4,4, OIS). Карактеристиките на камерата вклучуваат Story Creator, Tracking Shot, Steady Shot, Audio Zoom, High-res, Time-Lapse, Ultra Wide Angle леќа и многу повеќе. На предната страна има селфи камера од 16MP.
Huawei Mate X2 се напојува со батерија од 4500mAh, со поддршка за брзо полнење од 55W. Тука е и Bluetooth 5.2, USB Type-C приклучок, поддршка за NFC и сензор за отпечатоци за биометриска проверка.
Телефонот е официјализиран на кинескиот пазар, каде што е достапен по цена од околу 2.775 долари за моделот со 8GB RAM + 256GB или по цена од 2.939 долари за 512GB варијантата.