Информациите за флексибилниот Huawei Mate X2 телефон се појавуваат веќе околу една година. Уредот во ноември доби TENAA сертификат, но листингот немаше детали за спецификациите. Сега дојавувачот Digital Chat Station објави повеќе детали за карактеристиките на телефонот Mate X2.
Huawei Mate X2 ќе го користи Kirin 9000 чипсетот и ќе има дисплеј што се свиткува навнатре, со резолуција од 2480 x 2200 пиксели и дијагонала од 8,01 инчи. Секундарниот екран, лоциран однадвор, има дијагонала од 6,45 инчи и резолуција од 2700 x 1160 пиксели.
Телефонот ќе има 16MP селфи камера, како и главна камера од 50MP и 16MP, 12MP и 8MP сензори. Системот на камери ќе нуди 10x оптичко зумирање.
Од софтверска страна, Mate X2 ќе користи Android 10, а уредот ќе го напојува батерија со капацитет од 4400mAH со поддршка за 66W полнење. Телефонот ќе има димензии 161,8 x 145,8 x 8,2 мм и тежина од 295 грама.