Apple 1 е еден од најретките компјутери што постојат, едноставно затоа што повеќе не се произведува. Сепак, има голема историска вредност, бидејќи ги одбележува раните денови на Apple.
Оние кои имаат некои „зафрлени“ примероци всушност може да ги продадат за значителна сума на пари – на аукција достигнуваат близу еден милион долари.
Компанијата Caviar реши да уништи дел од технолошката историја со цел да направи своја верзија на „Чудовиштето“ на Франкенштајн под името iPhone 12 Pro Apple 1, пренесува Ubergizmo. Како што сугерира името, овој уред комбинира iPhone 12 Pro со делови од Apple 1.
Caviar Unveils iPhone 12 Pro “Apple 1″ Edition, Has a Fragment of the Original Computer’s Circuitry https://t.co/2E7PAlafb7 pic.twitter.com/RQ5t9iv6Hu
— West Ham United News (@westhamnews2019) December 11, 2020
Работата е во тоа што, со брзината со која се ажурираат телефоните, iPhone 12 би бил застарен уште следната година, а со оглед на тоа што Caviar наплаќа 9.900 долари за овој уред, не е баш јасно кој би го купил. А и не изгледа баш многу привлечно.
Се разбира, некои колекционери може да бидат заинтересирани и не би штеделе за вакво парче историја. Од друга страна, бидејќи Apple 1 беше расклопен само за да се направи оваа комбинација, уредот всушност можеби губи на вредност.
Извор: B92.net