Француската агенција за заштита на приватноста ги казнија Google и Facebook кои ќе треба да платат вкупно 210 милиони евра за користење колачиња.
Агенцијата за заштита на приватноста на податоците, CNIL, објави дека двете социјални мрежи им отежнуваат на корисниците да одбиваат да ги следат нивните податоци, пренесува Би-Би-Си.
Согласноста за употреба на колачиња е клучна во регулативите за приватност на податоците на Европската унија и главен приоритет за CNIL.
Компаниите мора да платат казни во рок од три месеци или ќе треба да платат уште 100.000 евра за секој ден доцнење.
Колачињата се мали пакети со податоци кои им овозможуваат на веб-прелистувачите да складираат информации и да обезбедат, на пример, насочени реклами.