Француската војска во текот на својот тренинг во воено училиште тестираше неколку роботи, а меѓу нив е и роботското куќе Spot на компанијата Boston Dynamics.
Spot беше користен во текот на дводневниот тренинг со цел на проценка на „дополнителната вредност на роботот во борбените акции“.
Целта на тренингот беше војниците да дознаат на кој начин би можеле да се користат роботите во идни борбени ситуации. Беа креирани по три мисии на напади и одбрана, а Spot примарно беше употребен за извидување. Војниците го повторија сценариото два пати, еднаш без, а вториот пат со асистенција на роботот.
За време на обуката, покрај Спот, беа користени и други роботи на далечинско управување, кои всушност претставуваат возила дизајнирани како тенкови. Пример е OPTIO-X20, вооружен со топ и Баракуда, оклопен дрон со тркала дизајниран да им биде штит на војниците.
Востановено е дека роботите ги забавуваат операциите, но дека војниците биле побезбедни. Еден војник „загинал“ во вежба, во која не учествувал Spot, но во друга преживеал благодарение на извидувањето што го извршил роботот. Траењето на батеријата претставува проблем, бидејќи Spot се изгасил на половина од вежбата.
Роботите и биле доделени на француската војска од европските дистрибутери Shark Robotics и Nexter Group, но компанијата Boston Dynamics не била известена за тоа.