Директорот на американската вселенска агенција NASA, Бил Нелсон, го коментираше неодамна објавениот извештај на американската Национална разузнавачка служба за неидентификувани летечки објекти и рече дека не верува дека сме целосно сами во вселената
Поранешниот сенатор на сојузната држава Флорида и еден од двајцата конгресмени кои полетаа во вселената, Бил Нелсон, од мај се наоѓана чело на американската вселенска агенција NASA. Во интервју за CNN, Нелсон го коментираше извештајот за неидентификувани летечки појави, кој беше доставен до американскиот Конгрес и објавен во јавноста.
„Дали сме сами? Лично мислам дека не сме“, рече Нелсон.
“Are we alone? Personally, I don’t think we are.”
NASA Administrator Bill Nelson says he has read the classified version of the US intelligence report on the series of UFO sightings by Navy pilots and others. https://t.co/ixa68pVUjE pic.twitter.com/b7feDlz3Y1
— CNN (@CNN) June 29, 2021
„Универзумот е толку голем. Создаден е пред 13 и пол милијарди години. Тоа е прилично многу. Но, луѓето се гладни за ваков вид информации и ние ќе продолжиме да бараме“, додаде тој.
Во споменатиот извештај се евидентирани 144 неидентификувани воздушни појави, за кои нема конкретно објаснување.
„Врз основа на нашата анализа на податоци, ако и кога ќе се решат одделни инциденти со неидентификувани летачки појави, тие ќе спаѓаат во една од петте можни категории: воздушни феномени, природен атмосферски феномен, напредни развојни програми на САД, странски напредни системи насочени против САД и петта е „корпа“ во која се сместени сите други феномени“, објасни Нелсон.
Тој признава дека нема сознание за тоа што пилотите на морнарицата виделе.
„Пилотите видоа нешто, ги следеа предметите, ги следеа со радар. Тие предмети одеднаш се движеа од место до место, а извештајот ни кажува дека имало повеќе од 140 такви видувања“, рече шефот на NASA.
Извор: Novosti.rs