Во Хрватска е потврден првиот случај на флурон. За разлика од некои тврдења кои се појавиле на социјалните мрежи, не станува збор за нов сој на коронавирус

Имено, иако се шпекулирало дека флурон е нoва варијанта на Ковид-19, сепак не е. Името го добил од комбинација на зборовите „корона“ и „флу“ што на англиски значи грип.

Првиот случај на флурон бил регистриран во Израел, а потоа и во Хрватска.

Заразената жена во Хрватска била невакцинирана против коронавирус и против грип, но имала само благи симптоми и била пуштена од болница во добра состојба.

Имено, кога во телото истовремено ќе се појават коронавирус и вирус грип, станува збор за болеста наречена флурон.

И грипот и Ковид-19 болеста се оние кои го погодуваат респираторниот систем и имаат слични симптоми.

Според податоците на СЗО, симптомите на грип и на ковид се различни од личност до личност, но постојат група исти симптоми кои се забележани кај заболените, пренесува „Business Insider“.

Станува збор за губење на сетилото за вкус и мирис, температура кашлица, отежнато дишење, губење на апетитот, постојана болка во градите.

Од СЗО велат дека благите симптоми на флурон можат да се лекуваат и дома и дека нема потреба од хоспитализација на лицето кое е заразено.

Но, постојат и потешки симптоми на флурон, а тие можат да вклучат и воспаление на белите дробови, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.