Facebook има 2,9 милијарди корисници ширум светот, а логично е дека постојат одреден број профили кои се неактививни по смртта на корисникот. Дали знаете дека може да изберете што ќе се случи со вашиот профил откако ќе умрете?

Има неколку опции кои се поврзани за профилот доколку почине корисникот. Доколку никој не го извести Facebook дека некој починал, нема да бидат воведени никакви промени.

Членот на семејството или некој пријател може да побара профилот да биде мемориран. Ова значи дека профилот останува „замрзнат“, но другите корисници ќе може да го пребаруваат.

Може да изберете вашиот профил да биде избришан во случај на смрт. Семејството или некој друг исто така може да побара да ви го избришат профилот. Корисникот во текот на животот може да ја каже лозинката и некој друг да продолжи да објавува новости. Ова е морбидно и е против правилата на Facebook.

Највеќе корисници се одлучуваат да го избришат профилот, а на второ место е опцијата да се меморира профилот, но и со двете опции се подразбира роднините да го потврдат смртниот случај.

На Facebook ќе му треба околу 90 дена да ги избрише сите објави на покојникот. Пораките кои ги праќал на неговите пријатели не можат да бидат избришани во целост, но засекогаш ќе останат во нивната архива.

Извор: Klix.ba