Светот на технологијата е како создаден за разни експерименти, измени и прилагодувања.

Секој кој знае барем малку да „чепка“ во гаџети се обидел да направи некаква измена за да работи уредот подобро, побрзо, со повеќе функции… Токму таква идеја имал овој технолошки ентузијаст кој реши да се забавува со необичен експеримент од типот „Што ќе се случи?“.

Јутјуберот кој стои зад каналот Tech Rex одлучи да тестира дали има разлика во полнењето на два iPhone уреди ако едниот е вклучен во сто полначи, а другиот во само еден.

Па така, тој спои сто адаптери во струја и потоа ги залеми за да ги внесе во еден влез. За тестот користеше два телефони iPhone 6S. На едниот Battery Health беше 84%, и на тој поврза сто полначи. На другиот Battery Health беше 85%, а на двата ја исклули опцијата за оптимизација на полнењето.

Чекаше на двата телефона целосно да им се испразнат батериите, односно да се исклучат телефоните, па ги стави да се полнат.

Кога го вклучи првиот телефон на сто полначи, веднаш се појави логото на Apple. Ја вклучи функцијата Airplane Mode и го засили светлото на екранот до максимум.

По некое време, телефонот поврзан на сто полначи имаше 50% батерија, а другиот телефон 39%. Сепак, телефонот на еден полнач за кратко време го „стигна“, па додека овој iPhone на 100 полначи стигна до 97%,  другиот достигна 93%.

Заклучокот на експериментот е, се разбира, дека не е важно колку адаптери се споени и поврзани – телефоните се полнат повеќе или помалку за исто време, па едноставно не би вредело да се вложат напори за сечење, лепење и монтирање на сто полначи (да не спомнувам дека би било прилично скапо).

Извор: B92.net