Прашање на денови е кога Apple ќе го објави датумот на серијата iPhone 15. Ќе пристигнат четири модели, а сега доаѓаат не толку добри вести за потенцијалните купувачи на iPhone 15 Pro Max.

Apple обично започнува со испорака на нови модели на iPhone седум дена по отворањето на преднарачките. Така ќе биде и оваа година, но очигледно со исклучок на верзијата iPhone 15 Pro Max. Имено, се наведува дека Apple ќе доцни со испораката на најдобриот модел од претстојната серија.

Се вели дека причината за доцнењето е тоа што Sony, снабдувачот на компоненти за камерата, нема да може навреме да произведе доволно сензори за камерата за iPhone 15 Pro Max. Оваа информација ја пренесува 9to5Mac, повикувајќи се на сигурен извор.

Се шпекулира дека серијата iPhone 15 би можела да биде претставена на 12 септември оваа година, а преднарачките ќе бидат отворени на 15 септември. Испораките треба да започнат седум дена подоцна, на 22 септември. Сепак, испораките на iPhone 15 Pro Max наводно ќе започнат 3-4 недели по отворањето на нарачките однапред, т.е. помеѓу 6 и 13 октомври.

Ова не би било прв пат Apple да ја одложи испораката на iPhone. Така, компанијата доцнеше со испораката на iPhone 14 Plus минатата година, а во минатото истото се случуваше и со моделите iPhone XR, iPhone 12 mini и iPhone 12 Pro.

Се очекува iPhone 15 Pro Max да добие голема надградба на задната камера. Тука, пред се, мислиме на новиот систем на сензор за перископ кој ќе нуди поголем оптички зум од сегашниот (3x). Обичниот iPhone 15 Pro веројатно нема да го добие ова подобрување, туку ќе се држи до истиот сензор како неговиот претходник.