Џејмс Мартин е заслужен за изумот за кој се претпоставува дека досега спасил 7.600 луѓе, а се работи за катапултот за пилоти.
Овој пронаоѓач од Северна Ирска во 1944 година осмислил катапулт за пилоти. Во Музејот за транспорт во северноирскиот град Улстер изложени се ретки фотографии од овој изум, како и неговите прототипи.
„Беше отлучен дека на тоа не работи за другите, туку за себе. Голема пресвртница во неговиот живот беше кога почна да посетува часови по летање кај капетанот Валентин Бејкер. Тие двајца веднаш основаа партнерство и станаа добри пријатели, па одлучија да формираат воздухопловна компанија „Мартин-Бејкер““, вели Клер Абот од Музејот за транспорт.
Потоа Бејкер настрадал, а тоа значително влијаело на работата на Мартин, односно го поттикнало да измисли катапулт за пилоти.
„Капетанот Бејекер загина за време на тестирање на воен авион, а тоа драматично влијаеше на Мартин. Заради тоа навистина беше посветен да даде сѐ од себе за да створи нешто што ќе спречи смрт на пилоти. Есента 1944 година почна да работи на правење асистент на системот со кој пилотот ќе може да побеге од авионот“, образложува таа.
Прв над кој бил тестиран овој систем бил вработен во нивната компанија Бернард Линч, а тоа се случило во 1945 година. Тој момент го опишува како „апсолутно застрашувачки“. Во меѓувреме тој систем спаси 7.600 пилоти, пренесува Би-би-си.