Издавачот 2K Games и студиото Hanger 13, кое работеше на Mafia III и Mafia: Definitive Edition, ја објавија големата вест во блог пост објавен по повод 20-годишнината од франшизата, пишува Engadget.
Станува збор за развојот на новата игра Mafia, која се уште нема „вистинско“ име или официјален датум на издавање.
„Среќен сум што можам да потврдам дека почнавме да работиме на сосема нов Mafia проект. Иако имаме неколку години работа пред нас и сè уште не можеме да откриеме повеќе детали, навистина сме возбудени што ќе продолжиме да работиме на оваа сакана франшиза и да ги забавуваме нашата играчи со нови приказни“, изјави Роман Хладик, генерален менаџер на студиото Hanger 13.
Засега нема повеќе детали за новата игра.
Најновиот наслов беше Mafia: Definitive Edition од 2020 година, римејк на оригиналниот наслов на франшизата од 2002 година. Според претходните извештаи, Hanger 13 помина низ повеќе кругови на отпуштања откако беше завршена работата на Mafia III во 2016 година.
Последната се случи во мај оваа година откако 2K ја откажа играта на која работеше Хангер 13 извесно време и која издавачот ја финансираше во износ од 50 милиони долари. Истиот месец, посебен извештај откри дека студиото работи на приказна сместена во Италија и изградена на Unreal Engine 5, но не се знае дали тој проект е всушност истиот што го најавија 2K и Hanger 13.