Во извештајот за заработка на Microsoft се споменува дека деловниот пакет на компанијата во голема мера постигнал раст.
Во најновиот извештај за заработка, кој неодамна го објави Microsoft, се споменува дека Office365 има 400 милиони претплатници, а на тоа најмногу влијаеле иновациите што ги донесе Copilot.
Заработката на производите на Office Commercial и облак услугите оствари раст од 15%, а најзаслужен за тоа е Office 365 Commercial кој оствари раст на заработката од 17 проценти.
Microsoft истакнува дека на овој резултат најмногу влијаеле иновациите имплементирани во Copilot, Teams и други комерцијални производи, што довело до зголемување на корисниците на пакетот Office365.
Според сите сметки, тактиката на Microsoft за иновација на алатките за продуктивност на компанијата со вештачка интелигенција веќе дава резултати и се очекува долгорочно да и се исплати на компанијата со седиште во Редмонд.