Скопје на 3 и 4 октомври, повторно ќе биде домаќин на најголемиот собир на професионалци и ентузијасти за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа.

Над 700-ина учесници од цел регион ќе имаат можност одблизу да слушнат експерти и иноватори од светските гиганти како Microsoft, NVIDIA, Google, UBS, Ericsson, Amazon и KPMG, но исто така и да ги разменат своите искуства.

AI Tech Summit повторно ќе ги насочи погледите кон иднината за тоа како вештачката интелигенција ќе го обликува нашиот свет, како технолошки така и општествено.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во технологијата вештачката интелигенција и нејзина апликативна примена во различни индустрии ИТ, финансии, телекомуникации, здравство, забава, гејминг, производство и др.

Самитот служи како вонренда и корисна платформа за интерактивно вмрежување, можност за соработка и регионално поврзување во екосистемот за вештачка интелигенција.

Настанот е организиран од страна на чешката компанија TBM Group во соработка со М6 Едукативниот центар.