Компанијата Weilan со седиште во кинескиот град Нанјин, разви роботско куче под името AlphaDog.
AlphaDog е роботско куче опремено со сензори и вештачка интелигенција, која му овозможува извршување на низа функции.
Кинескиот робот е многу сличен на Sport, роботско куче произведено од Boston Dynamics. Тоа е робот со четири нозе што е повеќе ориентиран кон комерцијалниот пазар отколку за бизнис корисници.
Кучето-робот може да се движи со брзина до 15 км/ч, што значи дека е најбрзиот робот на пазарот. Тој е многу стабилен и може да ги предвиди видот и висината на подлогата и да се прилагоди на неговата околина. За да може роботот да функционира автономно, тој користи 5G технологија.
Продажбата во Кина веќе започна, а во текот на првиот месец беа продадени над 1.800 роботи. Цената на едно роботско куче е 2.400 долари.
„Најчесто ги нарачуваат програмери, гикови, но и деца на кои им се допаѓа ваквото ‘милениче’“, рече Ма.
Во компанијата Weilan се надеваат дека нивното роботско куче AlphaDog наскоро ќе може да им помага на лицата со оштетен вид. Компанијата има и поголемо куче-робот наменето за индустриска инспекција и одржување на машинeријата.
Извор: Klix.ba