Компанијата Amazon го промени главното лого на апликацијата за купување, по реакцијата на купувачите, на кои последниот редизајн им заличи на Адолф Хитлер.
Иконата на апликацијата е објавена во јануари и на неа делод сината лента е поставен точно над препознатливото „насмеаено“ лого на компанијата.
Меѓутоа, имаше и такви кои оваа лента ги потсети на мустаќите што ги носеше нацискиот водач.
Следејќи ги реакциите на купувачите, технолошкиот гигант го промени дизајнот, префрлајќи го средниот свиткан дел од сината лента на страна.
Од компанијата за BBC истакнаа дека првобитната верзија била пуштена во неколку земји пред да биде извршена промената.