Amazon работи на нов хардверски проект, и веќе следниот месец во продажба на американскиот пазар можат да се најдат нивните телевизори. Според новинарите на Инсајдер, овој технолошки гигант веќе две години работи на развој на сопствени телевизори, а за развојот се задолжени одделите Amazon Devices и Lab126, кои меѓу другото се задолжени и за паметните звучници Echo и е-читачите Kindle.
Покрај сопствените телевизори на кои работат, Amazon на овој пазар соработува и со партнерските компании како што е TCL. Нивните телевизори, кои ќе се продаваат под брендот на Amazon, ќе имаат големи дијагонали на екранот – од 55 до 75 инчи. Што се однесува до Amazon, јасно е дека ќе имаат поддршка за нивниот гласовен асистент Alexa. Исто така, медиумите споменуваат дека претстојните телевизори може да имаат преинсталиран Fire TV софтвер .
Она што не се споменува во медиумските написи, а што на многумина ќе им биде од голема важност е цената на телевизорите на Amazon, односно како тие ќе се натпреваруваат на пазарот. Патем, Amazon на индискиот пазар веќе претстави сопствени телевизори со дијагонали од 50 и 55 инчи, кои ги продава под брендот AmazonBasics, а тоа се модели со прифатлива цена.
Со влегување на тој пазар во САД, Amazon преку ноќ од партнер ќе им стане конкурент на бројни компании како Samsung, Sony, LG и други, чии уреди се продаваат преку нивната онлајн продавница. Покрај телевизори, гласините не споменуваат дека во Amazon размислуваат и за некои други технолошки производи или гаџети. Да потсетиме, нивниот амбициозниот влез на пазарот на смартфони пред 7 години се претвори во фијаско, така што врз основа на тоа искуство, во компанијата сега се прилично внимателни кога се во прашање хардверот и хардверските производи.