AMD ги претстави долгоочекуваните десктоп процесори од AMD Ryzen 5000 серијата, што ја користат новата Zen 3 архитектура.

Новите процесори нудат до 16 јадра, 32 нишки и 72MB cache, за најмоќниот модел во линијата – AMD Ryzen 9 5950X. Ryzen 9 5900X доаѓа со 12 јадра и 24 нишки. Повеќе детали за новата линија процесори, во која се и Ryzen 7 5800X и Ryzen 5 5600X се достапни во придружната табела подолу, заедно со цените и достапноста.

За време на својата презентација, AMD истакна дека новите процесори нудат 19% зголемување на IPC во споредба со претходната генерација при PC оптоварување, и дека Zen 3 архитектурата овозможува AMD да биде лидер на полето на гејмингот и перформансите во креирањето содржини.

Премиум AMD Ryzen 9 5950X со 16 јадра, според наводите на компанијата, нуди највисоки single-thread перформанси во споредба со кој било десктоп гејминг процесор. Исто така, компанијата ги потенцира и највисоките multi-core перформанси за мејнстрим CPU подножјето.

AMD Ryzen 9 5900X со 12 јадра, според AMD, нуди во просек за 7% побрз 1080p гејминг во избраните игри во однос на конкуренцијата, како и 26% побрз 1080p гејминг во избраните наслови на генерациско ниво.

На крајот, компанијата објави дека матичните плочи од серијата AMD 500 се подготвени за Ryzen 5000 серијата десктоп процесори преку ажурирање на BIOS-от. Екосистемот за поддршка вклучува над 100 матични плочи од AMD 500 серијата, од ​​сите најголеми производители на плочи.

Десктоп процесорите AMD Ryzen 5000 се очекува да бидат достапни на пазарот од 5. ноември.