Се појави првата фотографија која во живо ги прикажува Zen 3 десктоп процесорите од AMD Ryzen 5000 серијата. Првиот бран на Ryzen 5000 серијата за малопродажните канали ќе ги вклучува моделите Ryzen 5 5600X, Ryzen 7 5800X, Ryzen 9 5900X и 5950X, а сите четири типа се прикажани на фотографијата.

Споменатите чипови се компатибилни со постоечките Socket AM4 матични плочи, засновани на AMD 500 серијата со BIOS ажурирање. Ќе бидат компатибилни и со 400 серијата чипови, преку специјален BIOS што ќе биде објавен во јануари.

Се очекува дека споменатите AMD Ruzen процесори од 5000 серијата ќе бидат достапни во малопродажба од 5. ноември. Цените ќе изнесуваат 300 долари за 5600X (6C/12T), 450 долари за 5800X (8C/16T), 550 долари за 5900X (12C/24T) и 800 долари за премиум 5950X (16C/32T).