Според статистичките податоци на аналитичката компанија StatCounter, Android 11 може да се пофали со најбрза стапка на прифаќање во однос на која било друга верзија на Android (барем кога станува збор за американскиот пазар).

Од овој месец, Android 11 поседува над 25 проценти од уделот на пазарот за мобилни и таблет уреди на Android платформата. Ова е остварено шест месеци по објавата на оперативниот систем. Android 10 е сè уште најзастапената верзија на платформата и има удел на пазарот од 33 проценти.

На глобално ниво, Android 10 останува неприкосновен, со удел на пазарот од 41 процент. Android 10 и натаму е најпопуларна верзија на платформата на Google во Европа и Азија, каде Android 11 сè уште се обидува да фати приклучок.

Вкупно гледано, Google и неговите партнери се се подобри во намалувањето на фрагментацијата на Android со секоја нова објава на оперативниот систем за мобилните уреди.