Google долго време за новите верзии на Android користеше имиња врз основа на десерти. Во новиот извештај што кружи на интернет се тврди дека следниот Android 13 ќе го носи името Tiramisu.
Шпекулациите за името потекнува од коментарите на веб-порталот AOSP Gerrit, каде се водат дискусии за изворниот код на Android. Меѓутоа, иако во коментарот се споменува името Tiramisu, се наведува дека тоа име ќе се користи само интерно во Google. За широките мнародни маси, следниот Android ќе се вика само Android 13.
Во минатото, Google на новите верзии на Android им даваше имиња според десерти. Меѓутоа, тоа престана со Android 10. И покрај тоа што новите верзии на Android за широката јавност не користат такви имиња, интерно секоја верзија на Android и натаму го носи името на одреден десерт.
На пример, Android 10 е познат како Quince Tart, Android 11 беше Red Velvet Cake, a Android 12 го носеше името Snow Cone. На многу љубители на Android оперативниот систем им недостастуваат официјални имиња со тема десерт.