Андроид е мобилен оперативен систем, кој е најпопуларен во светот по број на корисници, а наскоро добива и нова верзија.
Google планира на 10 мај да ја претстави следната верзија на својот оперативен систем за мобилни телефони, Android 14. Новата верзија на платформата треба да има подобрувања во перформансите и батеријата, безбедноста и приватноста.
Во моментов, Android 14 е во фаза на тестирање и само инсајдерите имаат пристап до развојната бета верзија. Функциите што ќе ги наведеме подолу можеби не се достапни во финалната верзија на Android 14, но еве на што работи Gogole во моментов.
Подобрени перформанси на батеријата – Google работи на контрола на потрошувачката на батеријата на Android, па ќе го промени начинот на кој системот ги контролира задачите во заднина, како и преземањето и испраќањето податоци. Има и опција која проверува колку време корисникот поминал пред екранот од претходното полнење на батеријата.
Подобрена поддршка за големи екрани – Ќе има повеќе и подобро оптимизирани апликации кои ќе можат да работат на стандардни телефони, преклопни уреди и таблети.
Подобра безбедност – Android 14 нема да дозволи инсталирање на постари апликации, создадени за Android 5.1 или претходни верзии на софтвер. Ќе има и подобра поддршка за отклучување уреди со биометриски методи.
Блокирај пристап до фотографии и видеа – Андроид веќе има опција за кои апликации можете да го блокирате пристапот до сите фотографии и видеа, а Android 14 ќе има опција која ќе овозможи пристап до поединечни датотеки.
Има и опции за префрлување на поголеми фонтови кои одат до 200% (Android 13 понуди опција за зголемување на фонтовите до 130%), како и можност за активирање на осветлената камера или екран кога ќе пристигнат нови известувања.