Во неочекуван пресврт, Apple го поддржа Google во неговата борба против мерките на Европската Унија.
Технолошкиот гигант ги поддржа критиките на Google кон регулаторите на Европската Унија во врска со предложените мерки што би барале од технолошките фирми да им дозволат на конкурентските услуги за вештачка интелигенција (AI) пристап до нивните платформи.
Apple изјави дека предложените мерки на Европската комисија би можеле да ја загрозат приватноста на корисниците, безбедноста и перформансите на уредите, објави Ројтерс.
Предлозите се дел од спроведувањето на Законот за дигитални пазари на Европската Унија, кој има за цел да ја ограничи пазарната моќ на големите технолошки компании.
Apple, чии оперативни системи за iPhone, iPad и Mac се исто така предмет на регулаторните барања на ЕУ, изјави дека предложените мерки имаат пошироки импликации за технолошкиот сектор.
Во исто време, компанијата го доведе во прашање пристапот на Европската комисија, велејќи дека регулаторот се меша во техничките решенија развиени од инженерите на технолошките компании.





