Apple во текот на оваа година почна да развива сопствен целуларен модем. Според наводите на Bloomberg, претставник на Apple во текот на состанок со вработените истакнал дека компанијата оваа година почнала со работа на својот прв интерен модем, што ќе овозможи нова, клучна стратешка транзиција.

Компанијата од Купертино моментно ги користи модемите на Qualcomm во своите уреди, вклучувајќи го и iPhone 12. Apple i Qualcomm минатата година потпишаа шестгодишен договор за чипови, што сугерира дека следниот iPhone и натаму би можел да користи чипови на Qualcomm.

Не претставува изненадување што Apple развива сопствени модеми. Компанијата минатата година купи најголем дел од бизнисот на Intel со модемите за телефони. Покрај тоа, Apple веќе некое време ангажира инженери од Qualcomm, а има тимови во Сан Диего, Купертино и Европа кои се фокусирани на развојот на модеми.

Покрај тоа, Apple веќе некое време пробува да ја намали зависноста од екстерните снабдувачи. Компанијата пред повеќе од една деценија почна да производеува iPhone со сопствени процесори. Првите ARM-засновани Mac чипови беа објавени во ноември оваа година, а Apple дополнително ќе сака да се осамостои и да користи сопствен хардвер во следниот период.