Американската технолошка компанија Apple објави дека ја запира сета продажба во Русија како одговор на руската воена интервенција во Украина.
„Ние сме длабоко загрижени за руската инвазија на Украина и стоиме покрај сите луѓе кои страдаат од последиците од насилството. Ги поддржуваме хуманитарните напори, обезбедуваме помош за растечката бегалска криза и правиме се што можеме за да ги поддржиме нашите тимови во регионот“, се наведува во соопштението на Apple, пренесува Ројтерс.
Компанијата наведе низа мерки како одговор на руската интервенција, вклучително и запирање на секој извоз на нејзините продажни канали во земјата.
Услугата Apple Pay и другите услуги се ограничени, соопшти компанијата, а руските државни медиуми, RT News и Sputnik News, повеќе не се достапни за преземање од Apple Store надвор од Русија.
Корисниците во Русија сè уште можеа да пристапат до онлајн продавниците на Епл во вторникот, но обидите да купат Ајфон покажаа дека овие производи не се достапни за испорака, според Ројтерс.
Извор: B92.net