Корисниците на iPhone добија ново тајно копче на своите паметни телефони, а тоа можеби не го ни забележаа.

Apple не се вовлече во вашиот дом и додаде копче на вашиот смартфон, како што пишува The Verge, туку го лансираше iOS 14, најновата верзија на оперативниот систем за iPhone.

Имено, iOS 14 донесе нова функција што се нарекува „Back Tap“, а се работи за тајно копче што ја замаглува линијата помеѓу хардверот и дофтверот на уредот.

„Back Tap” всушност ја претвара целата задна страна на iPhone во големо копче осетливо на допир, кое можете да го допирате за да стартувате одредени функции на телефонот. Постои голема можност бројни корисници на iPhone се уште да не го откриле ова тајно копче, кое Apple всушност го уфрли во своето мени Достапност (Accessibility).

Намената на опцијата „Back Tap“ е на корисниците да им пружи повеќе можности за интеракција со нивните уреди. Опциите што ги нуди „Back Tap“ токму тоа и го одразуваат – префрлање на апликации, веб страници, известувања, снимање на екранот…

Уште една предност на копчето „Back Tap“ е што корисниците на iPhone всушност можат да го искористат за се што ќе помислат, бидејќи е поврзано со апликацијата на Apple, Shortcuts.