Неодамна се појавија информации дека Apple може да ја одложи објавата на Watch Series 7 паметните часовници поради проблеми со производството. Сега DigiTimes известува дека слична судбина може да го снајде долгоочекуваното освежување на MacBook Pro.
Според наводите, причина за ова потенцијално одложување на MacBook Pro е недостатокот на залихи на чипсети. „Сегашниот недостаток на чипови може да предизвика претстојните MacBook Pro лаптопи со мини-LED осветлување да бидат одложени за октомври, па дури и ноември, наместо да се појават воообичано во септември, според извори од индустријата“.
Apple планира оваа есен да претстави два освежени MacBook Pro лаптопи. Уредите ќе се нудат во големини од 14 и 16 инчи, а ќе се напојуваат со M1X чип. Во моментов нема официјални информации од Apple кога ќе бидат претставени лаптопите, а гласините споменуваат дека компанијата ќе одржи неколку настани во текот на септември.
Се очекува Apple наскоро да објави повеќе детали за залихите на чипови и планира наскоро да ја објави ажурираната линија на MacBook Pro лаптопи .