Apple потврди дека ќе одржи уште еден виртуелен настан во текот на 2020. година, кој е закажан за 10. ноември. Се очекува дека компанијата во оваа прилика ќе претстави нова линија Mac компјутери, опремени со Apple Silicon чипови.

Бројните Apple фанови, покрај веќе објавенета iPhone 12 линија, желно ги очекуваат и новите Mac уреди кои овој пат пристигнуваат без Intel процесори. Компанијата претходно најави премин на ARM архитектура и Mac компјутери со Apple Silicon чипови. Видовме што Apple процесорите можат на iPhone и iPad уредите, а сега останува да видиме како овие чипови ќе се снајдат во десктоп опкружување.

Компанијата од Купертино својот следен настан го нарекува „One More Thing“, а ова мото веќе долго се користи за поголемите настани и презентации на Apple, уште од времето на легендарниот основач Стив Џобс.

Гласините сугерираат дека Apple во текот на настанот би можел да ги претстави новите 13-инчни MacBook Air и MacBook Pro модели, како и поголемиот MacBook Pro со екран од 16 инчи. Некои дојавувачи се уште го споменуваат сосема новиот 12-инчен MacBook, додека во текот на следната година треба да се очекуваат првите десктоп компјутери засновани на ARM архитектура.

Во текот на презентацијата би можеле да ги видиме и новите AirPods Studio слушалки, AirTag тракери и можеби уште нешто.