Apple најави дека на 18 октомври ќе одржи настан на кој веројатно ќе го претстави новите MacBook Pro модели, а можеби и редизајниран Mac Mini.
Минатиот месец Apple ги претстави новите iPhone, iPad и Apple Watch уреди, па настанот закажан за 18. октомври веројатно е резервиран за новиот MacBook Pro со нов M1X процесор, кој наводно е повеќе фокусиран на графиката и професионалците.
Unleashed! These next six days are going to speed by. #AppleEvent pic.twitter.com/0ops2bVPvl
— Greg Joswiak (@gregjoz) October 12, 2021
Се очекуваат два нови лаптопи со големина на дисплејот од 14 и 16 инчи, а гласините сугерираат дека ќе имаат многу помали рамки околу екранот. Покрај тоа, најавено е враќање на HDMI и SD card портовите, како и повторна употреба на MagSafe портот за полнење.
Дојавувачите најавуваат у пристигнување на нов редизајниран Mac Mini компјутер со M1X процесор, како и објава на третата генераџија безжични слушалки AirPods.