Компанијата Apple објави што предизвикува проблеми со прегревањето на новата серија на iPhone.

Како што велат од „јаболкото“, се работи за софтверска грешка која се појавува при користење на апликациите Instagram и Uber.

Оваа американска компанија од Купертино објави дека работи на ажурирање на системот iOS17 кој работи на iPhone 15 со цел да спречи уредите да не станат непријатно жешки додека работат со споменатите апликации, пренесува АП.

Компанијата Instagram, во сопственост на корпорацијата Meta Platforms, претходно ја измени својата апликација за да спречи прегревање на уредите на iPhone 15.

Uber и другите апликации како видео играта Asphalt 9 сè уште се во процес на добивање на нивните ажурирања, рече Apple, но не прецизираше временска рамка за кога ќе бидат завршени поправките на софтверот.

Компанијата соопшти дека никакви безбедносни проблеми не треба да ги спречуваат сопствениците на iPhone 15 да ги користат нивните уреди додека чекаат ажурирање.

„Идентификувавме неколку причини кои можат да предизвикаат прегревање на iPhone“, се вели во кусото соопштение објавено од Apple.